5 намирници богати со калциум

Фото: Unsplash
769

Калциумот е неопходен за здравјето на коските, а познат е и како главен минерал во борбата против остеопорозата. Затоа е важно да го има доволно во организмот.

Во телото на човек со просечна тежина се наоѓа околу еден килограм калциум.

Дури 99 проценти од калциумот во телото се наоѓа во коските и забите, а преостанатиот еден процент од калциумот се наоѓа во меките ткива и екстрацелуларните течности.

Постојат намирници кои се богати со калциум и кои е неопходно да се користат во исхраната, а нутриционистите издвојуваат пет такви намирници.

1. Сардини

Медитеранската исхрана е исклучително здрава. Сардините се едноставни за приготвување, а богати се со калциум, витамин Д и омега-3 масни киселини, сите хранливи материи неопходни за добро здравје. Можете да ги јадете со коски, благодарение на што ќе внесете дополнителна доза од овој минерал во телото.

2. Рукола

Руколата има многу моќни ефекти кога станува збор за здравјето. Содржи многу витамини, вклучително и калциум. Ова растение со уникатен и пикантен вкус може да стане омилено во вашата кујна. Можете да го ставите во салати, да го јадете со јајца или самостојно, може да биде дел од сендвич или друг деликатес од тесто.

3. Цврсти сирења

Многу нутриционисти веруваат дека тие се еден од најдобрите извори на калциум, но предупредуваат дека сепак треба внимателно да се консумираат. Овие млечни производи содржат и висок процент на масти, па затоа не се препорачува претерана употреба на сирење во исхраната.

4. Бадеми

Суровите бадеми се добар извор на витамин Е, калциум, фосфор, железо и магнезиум. Во споредба со другите јаткасти плодови, бадемите се едни од најхранливите. За човек со просечна тежина доволни се 100 грама сирови бадеми дневно или две до четири порции неделно. Бадемите може да се јадат сирови или печени, но сировите имаат повеќе од наведените витамини и минерали. Може да се додаваат во салати и јадења, а одлична намирница е и бадемовото млеко.

5. Семиња

Само 100 грама чиа семе содржи 630 мг калциум, што е одлична вест бидејќи лесно се комбинира во слатки и солени јадења. Две лажици чиа семе дневно можете да ги дополните и со трета, која може да содржи сусам, афион и лен, кои исто така се богати со калциум.