Турски специјалитети го одбележаа 94-тото доделување на Оскарите

432

Познатиот готвач Волфганг Пак, кој го подготвува менито за Оскарите од 1995 година, во овогодинешното мени вклучил пиде од црноморскиот регион на Турција (Karadeniz Pidesi) и суви кајсии исполнети со крем сирење (Kaymaklı Kayısı Tatlısı).

Оскарите се една од најпрестижните церемонии за доделување награди во светот. Годинава, во театарот Долби во Лос Анџелес, се одржа по 94-ти пат.

На забавата по церемонијата, турските јадења ги воодушевиле сите присутни, меѓу кои познати филмски ѕвезди, уметници и продуценти.

Познатиот готвач Волфганг Пак, кој го подготвува менито за Оскарите од 1995 година, во овогодинешното мени вклучил пиде од црноморскиот регион на Турција (Karadeniz Pidesi) и суви кајсии исполнети со крем сирење (Kaymaklı Kayısı Tatlısı). Во овие два специјалитети за првпат уживале најистакнати личности од светската филмска сцена, а јадењата добиле големи пофалби.

Волфганг Пак, кој го подготвил менито за овогодинешната забава, рекол: „Турција е една од најбогатите кујни во светот благодарение на традиционалните рецепти и органските производи. Има многу рецепти и производи кои можете да ги откриете во турската кујна. Сите седум региони на Турција се полни со вкусови. Има многу градови во Турција кои мора да ги посетите и кои имаат вкусна храна. Јас и моето семејство секое лето со задоволство ја посетуваме Турција“.

Рецептите за турските јадења, кои по доделувањето на Оскарите им ги сервирал на филмските ѕвезди Волфганг Пак, може да се најдат на видео снимките на Delicious Türkiye во рамките на Јутјуб налогот Go Türkiye.