Исхраната по боја, која Русите ја практикуваат уште од дамнина е одлична за здравјето!
За да останете здрави, треба да следите три основни правила – да бидете физички активни, да пиете многу течности и да бидете умерени во исхраната.
Последново, здравата и урамнотежена исхрана, е особено важна за оние кои имаат проблеми со вишокот килограми.
Денес, постојат голем број на режими на исхрана кои, некои со помал, а некои со поголем успех, ви помагаат да изгубите тежина, а како да знаете кој е најдобар за вас?
Според нутриционистите, најважно е да изберете мени кое првенствено ќе му ги обезбеди на организмот потребните хранливи материи, а нема да го оптоварува со масти и шеќери. Затоа, идеалното мени треба да се базира на разновидност на овошје и зеленчук, а експертите советуваат таканаречена виножито диета, односно режим заснован на изборот на намирниците по боја.
А еве кои намирници најмногу се препорачуваат…
Портокалoви (морков, манго, кајсија, диња, тиква) – сите портокалови зеленчуци содржат исклучително корисна супстанција – каротин, која штити од развој на малигни заболувања, ги прави косата и ноктите силни и сјајни и го зајакнува имунолошкиот систем.
Жолти (ананас, портокали, мандарини, праски, папаја) – повеќето жолти и слатки плодови содржат многу бета-криптотаксин, антиоксидант кој ја подобрува регенерацијата на клетките и се бори против воспаленијата.
Жолто-зелени и зелени (пченка, авокадо, спанаќ) – овие намирници содржат многу корисни каротеноиди, лутеин и зеаксантин, кои го подобруваат видот и го спречуваат развојот на катаракта.
Светло зелени (кромид, целер, грашок, зелка) – овие зеленчуци и билки се незаменлив извор на кверцетин и кемпферол. Тоа се флавоноиди со изразени антиоксидантни својства кои ги штитат клетките од оштетување и им помагаат да се опорават од сериозни болести.
Црвени и виолетови (цвекло, модар патлиџан, грозје, суви сливи, брусница, боровинки, капини, јагоди) – на сите им се препорачува да ги јадете за да спречите болести на кардиоваскуларниот систем. Факт е дека зеленчукот и овошјето со светли бои содржат многу антоцијани – антиоксиданти кои го спречуваат формирањето на згрутчување на крвта.