Млеко со лук?!
Меѓудругото, млекото од лук може да има позитивни ефекти и за спречување на развој на канцерогени тумори во нашето тело.
Традиционалниот метод на лекување, Ајурведата, отсекогаш бил најбезбедниот начин за лекување на која било болест. Иако денес многу луѓе претпочитаат алопатски лекови за брзо закрепнување од болести, Ајурведата сè уште има свои предности. Обезбедува решение базирано на билки, зачини и други природни прехранбени состојки кои внимателно се користат за зајакнување на телото и умот. Еден таков здрав напиток кој нуди бројни здравствени придобивки е млекото со лук.
Станува збор за извонреден напиток кој го зајакнува нашето целокупно здравје.
Во продолжение ви пренесуваме 7 неверојатни придобивки од овој лековит напиток.
Го зајакнува имунитетот против настинки и грип
Настинки, затнат нос и грип се многу чести преку целата година, а може да се лекуваат и превенираат со млеко од лук. Студијата покажала дека лукот всушност помага да се намалат шансите за настинка, помага при лекување на разни заболувања и обезбедува побрзо закрепнување.
Спречува запек
Според Ајурведата, многу проблеми со дебелото црево, како што се запек и надуеност, произлегуваат од нерамнотежа во физиолошката и менталната компонента позната како Вата, која се однесува на просторот и воздухот што ги има човекот. Истата пречка што се јавува во Вата е поврзана со студенилото и вкочанетоста кои ги карактеризираат луѓето, па затоа храната од спротивна природа, топла и пријатна, може да го спречи овој проблем.
Млекото од лук спаѓа во категоријата топла и мазна храна и затоа може да ви помогне да ги ублажите разните стомачни тегоби, користејќи традиционален метод на лекување.
Спречува појава на акни
Една од главните причини за појава на акни на вашата кожа е присуството на голем број бактерии наречени Propionibacterium acnes, кои се размножуваат кога жлездите во внатрешноста на кожата се блокирани и поради тоа создаваат воспалителен одговор на кожата, што дополнително резултира со развој на мозолчиња.
Лукот содржи многу сулфурни соединенија кои го спречуваат размножувањето на овие штетни бактерии, според студијата објавена во 2017 година. Конзумирањето лук заедно со млеко може да ја зголеми способноста на лукот да спречи појава на акни бидејќи различните компоненти од смесата се апсорбираат во крвта и потоа се излачуваат од телото преку пот – дозволувајќи им на соединенијата да ги оштетат бактериите длабоко во порите на кожата и да ги уништат, оставајќи ја вашата кожа чиста и мазна.
Го одржува здравјето на срцето
Без сомнение, здравјето на срцето е една од најважните здравствени грижи за сите нас бидејќи, без оваа пумпа да работи правилно, нашето тело едноставно не може да опстане. Затоа е многу важно да се знае дека соединението алицин, кое се наоѓа во дарежливи дози во лукот, во многу студии е докажано дека е седативно, релаксирачко и спречува разни срцеви заболувања како хипергликемија, хиперлипидемија и хипертрофична кардиомиопатија.
За да ги искористите придобивките од лукот во снабдувањето на срцето со алицин, се советува секојдневно да пиете млеко со лук и да уживате во сите придобивки.
Го намалува ризикот од рак
Постојат бројни компоненти на лукот за кои во различни студии е откриено дека се моќни антиоксиданти кои можат да ги уништат слободните радикали кои го оштетуваат составот на ДНК и тоа е водечка причина за развој на рак.
Со оглед на тоа, секако може да се процени дека млекото од лук може да има позитивни ефекти за спречување на развој на канцерогени тумори во нашето тело.
Го контролира дијабетесот
Освен тоа, откриено е дека лукот е добар за одржување на нивото на гликоза во крвта, контролирање на дијабетесот и спречување на долгорочни компликации поврзани со оваа болест.
Според студијата, лукот го подобрува и го зајакнува ефектот на метформин, најраширениот лек во светот за третман на дијабетес.
Не само што консумирањето лук помага во намалување на нивото на шеќер во крвта, туку и доведува до намалување на нивото на холестерол и штетните триглицериди заедно со него.
Ги лекува болките во зглобовите
Мешавината од овие две компоненти, односно лукот и млекото, формираат уникатна мешавина која има антиинфламаторни својства и може да биде од голема помош за намалување на воспалението на зглобовите и ублажување на болката поврзана со него, а се користи и како природен лек за ишијас.
Покрај тоа, содржината на калциум во млекото значително придонесува за здравјето на коските и зајакнување на телото.