Следете ги вервериците…

287

Според нутриционистите, ако консумирате барем една рака лешници на ден, нема да мора да размислувате за високиот крвен притисок или лошиот холестерол во крвта, бидејќи тоа јаткасто овошје може да биде одлична алтернатива. Лешникот помага и при жолтица, проширени вени, пневмонија, а се препорачува и за лекување низок крвен притисок, дијареа и хемороиди. Не се верверичките будали!

Ако сте помеѓу оние среќници кои имаат свои дрвја со лешници, сигурно не сакате да останете без долгоочекуваните плодови. Иако речиси насекаде ќе прочитате дека бербата на лешниците треба да се одложи додека плодовите не почнат да паѓаат од дрвјата, почитувањето на ова правило ќе ве остави без род кој на тој начин целосно ќе им го препуштите на верверичките.

Бидејќи лешниците се подготвени за берење кога нивната лушпа ќе добие кафена боја, треба да се запомни дека нивното созревање се случува малку порано, пред да почнат да паѓаат од дрвјата. Верверичките почнуваат да уживаат во нив штом ќе созреат за јадење, а сѐ уште се наоѓаат на гранките од дрвјата. Затоа, најдобриот начин да го одредите вистинското време за берење е да ги следите верверичките. Штом почнат да јадат лешници, време е за берба.

Иако во тој случај некои сигурно сè уште ќе бидат зелени и незрели, повеќето ќе бидат доволно зрели за да бидат подложени на натамошниот процес на зреење.

Исушете ги лешниците така што ќе ги распоредите на плехови или послужавници и ќе ги вртите на секои неколку дена, чувајте ги на топло, суво и добро проветрено место две до три недели пред да им ја извадите лушпата. Лешниците може да се чуваат долго време, во лушпата или без неа.

Инаку, според нутриционистите, ако консумирате барем една рака лешници на ден, нема да мора да размислувате за високиот крвен притисок или лошиот холестерол во крвта, бидејќи тоа јаткасто овошје може да биде одлична алтернатива. Лешникот помага и при жолтица, проширени вени, пневмонија, а се препорачува и за лекување низок крвен притисок, дијареа и хемороиди.

Ги штити крвните садови

Лешниците имаат благотворно и лековито дејство врз човечкото тело. Одредени елементи во составот на лешниците позитивно делуваат на крвните садови, го штитат срцевиот мускул и го намалуваат крвниот притисок. Тенката кора на површината на овошјето содржи полифеноли кои се совршена превенција од срцев удар, но и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и ангина пекторис.

Лековит чај

Во народната медицина, кората од лешник се користи за правење чај во кој се натопуваат облози за отворени рани предизвикани од проширени вени на нозете. Чајот е добар и како лек за дијареа, а се користи и за лекување на хемороиди.

Нутритивни својства

Покрај оревите, енергетски најбогата храна се и лешниците. Плодот содржи 60 отсто масло, 15 отсто протеини, 10 отсто јаглени хидрати, 4 мг железо, калиум, калциум, витамини Б и Е. Јаткастите плодови содржат моќни антиоксиданти како што е фитинската киселина. Го штити телото од воспалителни процеси и може да го намали ризикот од рак на дебелото црево. Фитостеролите се неопходни за превенција од рак на дојка и простата. Лешникот е богат со аргинин кој го спречува растот на туморот и го зајакнува имунитетот.

Антиоксидантни својства

Лешниците се богати со антиоксиданти, соединенија кои ги штитат нашите клетки од оксидативен стрес предизвикан од слободните радикали. Најзастапени се фенолните соединенија ко имаат докажан ефект врз намалување на холестеролот и воспалителните процеси во телото. Исто така тие имаат позитивен ефект врз здравјето на срцето. Треба да се напомене дека најголемиот дел од антиоксидантите се застапени во тенката лушпа на плодот, па евентуалното печење на плодот би можел да го намали нивното количество.

Корисна масажа

Масажата со масло од лешник се покажала како исклучително корисна за децата кои имаат проблеми со дишните органи. Поради својата позитивна особина да ги филтрира штетните УВА зраци, често се користи во козметиката за заштита од сонце.