Здрав овесен колач со малини

Фото: Freepik
968

Кога ќе видите кои се состојките во овој колач, ќе сфатите дека не мора да се откажувате од десерт. Доволно да научите да го правите со здрави состојки (добро, има и малку шеќер)

Oвесот се вбројува во најздравите житарки што воопшто можете да ги најдете на пазарот. Тој е навистина богат извор на микро и макронутриенти. Исто така е и богат извор на растителни влакна и е погоден за консумација кај луѓето кои имаат глутенска интолеранција или целијакија.

Малините се храна со висока нутритивна вредност, односно храна пребогата со микронутриенти (витамини, минерали и други фитохемикалии), а сиромашна со калории. На нашите пазари најзастапени се црвените малини и тоа токму овој период.

Затоа, не двоумете се и ако баш се јаде нешто благо, направете го овој колач со овес и малини.

Состојки:

120 гр овесни снегулки (половина смелени)
30 гр мелени ореви
40 гр кокосов шеќер
половина лажичка прашок за пециво
прстофат сол
3 јајца
150 мл јогурт
3 лажици ладно цедено масло по ваш избор
120 гр малини

Приготвување:

Во сад ставете ги јајцата и изматете ги со жица. Потоа додадете ги другите влажни состојки: јогуртот и маслото, па добро измешајте. Потоа на влажните, додадете им ги сувите состојки и повторно добро измешајте.

Оставете ја смесата во садот да отстои за да набабрат и омекнат снегулките и за тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени.

Смесата истурете ја во помал плех (20х20 цм) претходно обложен со хартија за печење. Наредете ги малините и нежно притиснете ги во смесата.