Исхрана според боите: Намирници со одредена боја, се лековити за одреден проблем

Фото: Pexels
508

Исхраната според боите, во која претпочитаме храна со одредени бои, не подразбира слабеење, туку доведување на телото во подобра општа состојба, враќање на енергијата и зајакнување на имунитетот, а нутриционистите препорачуваат спектар во боите на виножитото – сина, жолта, зелена, портокалова, кафеава, бела и црвена…

Опуштањето во текот на годишните одмори нема да воспостави контрола врз високиот холестерол и крвниот притисок, но белата храна како лукот секако благотворно ќе влијае на решавањето на вашиот здравствен проблем.
Доколку на вашето летно мени додадете зелено мени, кое вклучува јаболка и круши, ќе се грижите за правилен физиолошки развој на клетките во вашето тело, одржување на хормоналната рамнотежа и побрзо зараснување на раните.

Исхраната според боите, во која претпочитаме храна со одредени бои, не подразбира слабеење, туку доведување на телото во подобра општа состојба, враќање на енергијата и зајакнување на имунитетот, а нутриционистите препорачуваат спектар во боите на виножитото – сина, жолта, зелена, портокалова, кафеава, бела и црвена…

Со сино против отрови
Сината храна ја подобрува циркулацијата и е ефикасно средство во борбата против запек, а го ослободува телото од отрови и други штетни материи кои се таложат во организмот. Богати се со калиум, па ја олеснуваат циркулацијата и помагаат во нормализирање на крвниот притисок. Сината храна вклучува црно грозје, боровинки, сливи и модри патлиџани.

Жолтата боја го зајакнува имунитетот
Жолтата храна е идеална за нашата кожа. Таа има бета-каротен, кој помага да се спречи предвременото стареење, да се одржи тенот на нашата кожа и таа да се направи поеластична. Содржи многу витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и помага во борбата против вирусните инфекции. Тука спаѓаат бананите, праските, пченката, пиперките и јајцата.

Зеленилото штити од тумори
Земањето големи количини зелена храна, како што се блитвата, спанаќот, брокулата, кељот, зелката, боранија и грашокот, во голема мера ја намалува можноста за појава на тумори во хранопроводникот, желудникот, панкреасот, бубрезите и црниот дроб. Доколку не сте љубители на зелените намирници, обидете се барем да го воведете како прилог со скарата и печењето или да воведете ден за одмор од брзата храна.

Портокалова заштита на кожата
Портокаловата храна, како што се морковите, дињите, кајсиите и портокалите, е богата со бета-каротен, пигмент неопходен за одржување на здрава кожа. Ја намалува склоноста кон брчки и ја прави поотпорна на штетното сончево зрачење. Во оваа група спаѓа и лососот, чии амино киселини, минерали и омега 3 масни киселини имаат антиинфламаторно и антиалергиско дејство.

Кафеавата го чисти организмот
Кафеавата храна ја вклучува целата храна направена од интегрално брашно, кафеав леб, темни тестенини, грав, смокви, печурки, јаткасти плодови и суво овошје. Кафеавата храна е богата со витамин Б и растителни влакна, кои помагаат во регулирањето на работата на цревата и го прочистуваат телото од насобраните токсини и го намалуваат ризикот од тумори.

Црвената боја ги штити крвните садови
Црвената храна, од домати до лубеница, помага за зачувување на здрава и убава кожа, но помага и во борбата против туморите. Тука спаѓа и црвеното месо кое не смеете да го избегнувате бидејќи е неопходно за правилен развој и созревање на црвените крвни зрнца. Чаша црвено вино дневно се препорачува и за возрасни, што е добро за зачувување на крвните садови.

Белата боја го победува холестеролот
Лукот е бела намирница која помага во борбата против високиот холестерол, ја регулира проодноста на артериите и го контролира крвниот притисок. Млечните производи се важен извор на калциум кој ги зачувува коските и зглобовите и штити од остеопороза. Голема количина на протеини има и во белото пилешко и мисиркино месо.