Зошто се корисни семките од лубеница?

Фото: Pexels
550

Чајот од семки од лубеница најчесто им се препорачува на пациентите кои сакаат да ги елиминираат камењата од бубрезите и песокот. Но, семките од лубеница носат и други придобивки

Ако досега ги фрлавте, не го правете тоа повеќе. Семките од лубеница му помагаат на нашето тело да се ослободи од токсините, а чајот направен од нив особено им се препорачува на пациентите кои сакаат да ги елиминираат камењата од бубрезите и песокот.
За подготовка на чај потребни ви се четири лажици мелени или ситно сечкани семки од лубеница. Секогаш користете свежи семки. Прелијте ги со половина литар врела вода и почекајте да се излади. Процедете го и веднаш испијте го чајот. Овој чај треба да го пиете најмалку четири пати неделно.

Покрај наведеното, семките од лубеница можат да ви помогнат да се ослободите од надуеноста бидејќи содржат влакна кои ја поттикнуваат работата на дигестивниот тракт. Содржат и калиум, кој ја регулира количината на вода во телото и го намалува отокот на зглобовите и стапалата.

Содржат и големи количини на витамини Б6, Б1, Ц, кои го зајакнуваат имунитетот. Манганот како микроелемент е одговорен за здравјето на кожата и коските.

Триптофанот учествува во производството на серотонин (хормонот на среќата) и се користи за намалување на стресот и лекување на клиничка депресија.