Веге бургери од тиквици и просо

Фото: Unsplash
251

Поради просото, со овие бургери дури и најголемите „лебари“ нема да имаат потреба за леб

Овие бургери е убаво да си ги направите од вечер, па кога ќе си дојдете од работа само да ги испржите и ручекот е готов.

Убаво со нив оди и добро оладен таратур или пак малку сос од павлака, мајонез и копар.

Состојки:

2 тиквици

2 моркови

1 кромид

2-3 чешниња лук

1 шолја сварено просо (се вари околу 15-20 минути со 3 шолји вода)

магдонос

семки од сончоглед и тиква (малку смелени)

1-2 лажици мелено ленено семе

зачини по вкус (сол, црн пипер, ким, црвен пипер)

Презли за наросување

Приготвување:

Просото сварете го и оставете го да се излади. Тиквиците изрендајте ги, посолете ги и оставете да ја отпуштат течноста.

Изрендајте ги морковите и ситно исечкајте ги кромидот, лукот и магдоносот.

Помешајте ги сите состојки, обликувајте ќофтиња, валкајте ги во презли и испржете ги.

Ако сакате, можете да ги наредите врз хартија за печење и да ги испечете во рерна.