Дали знаете дека марулата може да биде опасна? Најризична е зелената салата која се продава како измиена

Фото: Pixabay
2.276

Салатите во кесички кои се означени како веќе измиени претставуваат особено висок ризик, бидејќи може да доведат во заблуда многу луѓе кои нема да ја измијат салатата пред подготовка и консумирање.

Неодамна објавениот извештај на американското списание „Consumer Reports“ дава загрижувачка листа на 10 најризични намирници, врз основа на анализа на податоци за заразни болести кои се пренесуваат преку храната. Овие податоци ги собраа Американската агенција за храна и лекови (FDA) и Министерството за земјоделство на Соединетите држави, анализирајќи го петгодишниот период од 2017 до 2022 година. Изненадувачки на врвот на оваа листа е зелената салата.

Според Consumer Reports, труењата поврзани со свежа зелена салата, вклучувајќи ја и салатата во кесички што често се наоѓа во супермаркетите, резултирале со повеќе смртни случаи од која било друга храна во последните пет години.

Еден од можните извори на контаминација на зелената салата е водата што се користи за наводнување на полињата каде што се одгледува. Кога ѓубривото од блиските фарми ќе влезе во системот за наводнување, бактериите од животинскиот измет може да се пренесат во зелената салата.

Помеѓу 2017 и 2022 година, вкупно 614 луѓе во САД биле заразени со E. coli и листерија, кои често се наоѓаат во лиснатиот зеленчук. За жал, меѓу овие случаи има и единаесет смртни случаи поради труење.

Салатите во кесички кои се означени како веќе измиени претставуваат особено висок ризик, бидејќи може да доведат во заблуда многу луѓе кои нема да ја измијат салатата пред подготовка и консумирање. Затоа, експертите препорачуваат секогаш да купувате цели главици зелена салата и внимателно да ги отстраните надворешните листови кои потенцијално можат да бидат валкани и контаминирани.

Покрај зелената салата, на листата на најризични намирници се наоѓаат и јајцата, туната, остригите, компирот и сирењето, па овој извештај служи како потсетник за важноста на претпазливост и хигиена при подготовка и конзумирање на храната.