Дали ова би можело да функционира кај нас? Чесна продавница, без продавачи и камери (ВИДЕО)

188

The Honesty Shop – е првата селска продавница во Европа која целосно зависи од довербата и чесноста. Во продавницата се продаваат домашна храна и сувенири, но нема продавачи, ниту камери

The Honesty Shop, односно, продавницата во која нема ниту продавачи ниту камери, се наоѓа во Гимелвалд, мало гратче во областа Берн во Швајцарија, на надморска височина од 1363 метри.

Ова е првата селска продавница во Европа која целосно зависи од довербата и чесноста. Во продавницата се продаваат домашна храна и сувенири, но нема продавачи, ниту камери.

„Искусете го концептот на искреност во нашата уникатна продавница. Инспирирани од традиционалните вредности на Гимелвалд, ја враќаме довербата кај нашите купувачи“, пишува на нивната страница.
Во продавницата сè функционира многу едноставно – влегувате, избирате и ја ставате точната сума пари во плико, кое го ставате во кутијата за искреност и се чувствувате добро поради тоа.

Понудата вклучува локална храна, пијалаци, како и ракотворби и сувенири.