Вкусни и здрави новогодишни колачи

Фото: Pexels
304

Најубавото во овој предновогодишен период се празничните колачи, оние од кои убаво мириса не само кујната, целата куќа, туку и целата улица

Сите ги сакаме празничните миризливи колачиња кои долго траат па имаме што да грицкаме од Нова година до Божиќ. Но кога постои поздрава варијанта, а подобар и поинтересен вкус, секогаш ја одбираме токму оваа варијанта.

Состојки:

1 шолја непечени бадеми

1-1,5 шолја брашно од хељда

20-25 свежи урми

½ шолја кокосово масло

2 лажички мелен ѓумбир

2 лажички мелен цимет

1 лажичка мелени каранфилчиња

½ лажичка сода бикарбона

Приготвување:

Смелете ги бадемите и измешајте ги во еден сад со брашното од хељда и со содата. Урмите, маслото и зачините измешајте ги во блендер, соединете ги двете смеси и замесете тесто.

Расукајте го тестото со сукало до дебелина од 1/2 цм, вадете со модли и ставајте ги врз хартија за печење. Печете во загреана рерна на 150°C околу 10-20 минути во зависност од дебелината на кексите. Можете да ги украсите со бадеми и глазура од шеќер и лимон.