Недостатокот на важен минерал може да влијае на здравјето на срцето – надополнете го преку овие намирници

Фото: Pexels
362

На здравиот човек му требаат 350 до 400 милиграми магнезиум дневно

Магнезиумот е важен минерал за многу функции во нашето тело, вклучувајќи здраво срце, мускули и нерви. Можеме да го обезбедиме преку додатоци во исхраната, но треба да внимаваме на интеракцијата со лековите бидејќи тоа може да го попречи дејството на некои антибиотици и лекови за остеопороза. Сепак, го има и во некои намирници.

Авокадо

Тоа е одличен извор на магнезиум. Една шолјичка исечкано авокадо има 44 мг магнезиум. Богат е и со здрави масти, влакна и фолати.

Темно лиснат зеленчук

Ќе обезбедите 150 мг магнезиум од шолја варен спанаќ или блитва. Добри извори на магнезиум се и раштиката и кељот, а со овој минерал е богата и бамјата, а од нив ќе добиете и калциум, калиум, железо, витамини А, Ц и К.

Цели зрна

Не само што имаат многу влакна, туку се и богати се со магнезиум. Две парчиња интегрален леб имаат 45 мг магнезиум, половина шолја кафеав ориз, околу 40 мг и половина шолја варена овесна каша 30 мг.

Јаткасти плодови и семиња

Бадемите, индиските ореви, оревите, кикиритките, семките од тиква, сончогледот и семките од лен се добри извори на овој минерал, а исто така ќе добиете и масти кои се здрави за срцето, влакна и антиоксиданти.

Грав

Половина шолја црн грав има 60 мг, а обичниот грав има 35 мг магнезиум. Други мешунки богати со магнезиум се наутот, белиот грав и леќата. Ќе добиете и дополнителна доза на влакна, протеини, железо и цинк.