Зошто е добро да се јаде проја?

348

Нутриционистите не потсетуваат дека деликатесите направени од пченка, односно, од брашно и гриз направени од тие жолти зрна, може да го подобрат нашето здравје на многу начини.

Помалку масните работи направени од пченкарно брашно и гриз може значително да го подобрат здравјето, тврдат нутриционистите.

Благодарение на високата содржина на влакна, ваквата храна ги стимулира цревата, додека пченкарните трици едноставно ги „топат“ триглицеридите!

Ова, се разбира, не важи доколку претераме со висококалорични додатоци.

Приказните за лебот направен од цели зрна најчесто целосно неправедно ги заобиколуваат лебовите од пченкарно брашно.

Нутриционистите не потсетуваат дека деликатесите направени од пченка, односно, од брашно и гриз направени од тие жолти зрна, може да го подобрат нашето здравје на многу начини.

Иако е многу долго на трпезите во Јужна и Северна Америка, пченката пристигнала во Европа пред околу 500 години, а на Балканот дури во 17 век.

Деталните нутритивни анализи во текот на 20 век го потврдија присуството на бројни корисни материи во семето на ова едногодишно растение.

Растворливите влакна од зрната пченка се врзуваат за холестеролот и практично го „вадат“ од телото, тие се одличен извор на влакна, витамин Ц, а од мелените зрна се прават вкусен леб, разни видови проја, качамак, колачи, а од никулците од пченка, многу хранливо и лековито масло.

Покрај здравствените придобивки, печената или варена пченка на кочан е вистинско уживање, особено за најмладите.
Иако е многу поздраво да се подготвуваат и да се јадат јадења од пченка со помала содржина на маснотии, ретко кој може да одолее на оние со „богати“ додатоци.

Сепак, експертите ја советуваат „попосната“ варијанта, која поради големото количество влакна ќе го поттикне варењето и на тој начин ќе помогне во регулирањето на метаболизмот.

Нашата верзија содржи додатоци кои се исто така здрави и нискокалорични.

Значи, рецептот е едноставен:

3 јајца

2 чаши пченкарно брашно + пола чаша бело брашно (ако сте алергични на глутен, можете да направите и верзија без бело брашно)

1 прашок за пециво

200 г урда или немасно кравјо или козјо сирење (може и урда и сирење)

1 чаша јогурт

пола чаша кисела вода

1/4 чаша ладно цедено масло од сончоглед

300 г сечкана свежа блитва или спанаќ

Приготвување:

Сите состојки се мешаат, се додава свежиот исечкан зеленчук по ваш избор и се става во тава, се поросува со семки и се пече во рерна загреана на 200 степени 30-40 минути.