Вкусно и едноставно: Рецепти за тестенини на неколку начини

Фото: Pixabay
99

Со инчуни, карбонара или кацио е пепе? Кој ќе ги испробате први?

Не треба да споменуваме дека наједноставниот ручек кој речиси и нема некој што не го сака, се тестенините. Навистина можат да се направат на многу различни начини и секој од нив да биде повкусен од претходниот.

Со инчуни, карбонара или кацио е пепе? Кој ќе ги испробате први?

Сo инчуни и со презли

Состојки за 4 лица:

350 гр шпагети
40 гр инчуни во масло
20 гр маслиново масло
80 гр презли
3 чешниња лук

Приготвување:

Ставете тенџере со вода на оган и оставете да зоврие (не треба да посолувате): во него ќе се сварат тестенините.

За тоа време, истурете малку маслиново масло во тава, а потоа додајте цели излупени чешниња лук и филети од инчуни исцедени од маслото.

Додадете една лажица топла вода од тенџерето со тестенини за да се растопат инчуните.

Ќе бидат потребни околу 10 минути, па често мешајте.

Истурете малку маслиново масло во посебна тава, додадете ги презлите и мешајте додека трошките не поруменат.

Сварете ги тестенините, но две минути помалку од напишаното на пакувањето.

Извадете го лукот од тавата, а во сосот додајте ги шпагетите, но не целосно исцедени.

Зачувајте малку од водата во која се варени тестенините.

Соединете ги шпагетите и сосот и додадете од водата за готвење доколку е потребно.

Кога тестенините се готови, додадете малку презли и измешајте.

Доколку е потребно, додадете уште малку вода. Украсете такашто ќе ги поросите преостанатите презли.

Карбонара

Состојки за 2 лица:

160 гр шпагети
80 гр сланина
2 жолчки
60 гр рендано пекорино или пармезан
црн пипер

Приготвување:

Тестенините сварете ги „ал денте“ во поголема количина малку посолена зовриена вода.

Во меѓувреме одделете ги жолчките од белките.

Во сад измешајте ги жолчките и 2/3 од ренданото пекорино и една лажичка црн пипер.

Додадете малку вода за готвење и мешајте додека не добиете изедначена смеса.

Во нелеплива тава, без додавање масло, испржете ја сланината.

Исцедете ги тестенините, но оставете дел од водата за дополнително да го подобрите вкусот на сланината.

Измешајте ги тестенините со сланината и додадете ја смесата со жолчки и сирење.

Добро измешајте и по потреба додадете уште малку вода за готвење.

Додадете го преостанатото пекорино сирење, уште малку бибер и послужете.

Кацио е пепе
Состојки за 2 лица:

160 гр тестенини за шпагети
100 гр полузрело пекорино романо сирење
20 гр екстра девствено маслиново масло
црн пипер

Приготвување:

Сварете ги тестенините во поголема количина малку посолена зовриена вода.

Во меѓувреме во сад ставете го ренданото полузрело пекорино сирење, една лажичка црн пипер и две супени лажици екстра девствено маслиново масло.

Во садот додајте лажичка вода за готвење од тестенините и оставете го кашкавалот да се стопи додека не добиете кремаста смеса.

Исцедете ги ал денте тестенините и оставете малку од водата за готвење на страна.

Додадете ги тестенините во садот и мешајте додека не се соединат со сосот.
Послужете со уште малку црн пипер.

Ала Норма

Состојки за 2 лица:

1 голем модар патлиџан
4 супени лажици маслиново масло
3 чешниња лук
4 домати или една конзерва излупени домати
25 гр босилек
160 гр тестенини
1 лажица пармезан

Приготвување:

Модриот патлиџан исечкајте го на кришки или коцки, посолете го и оставете го настрана половина час.

Во тава загрејте половина од количината на масло.

Модрите патлиџани измијте ги во ладна вода, избришете ги со кујнска хартија и ставете ги во тавчето 15-20 минути повремено вртејќи ги.

Загрејте го остатокот од маслото и додадете го сечканиот лук, па по неколку минути додадете ги доматите и половина од босилекот.

Гответе на тивок оган 20 до 30 минути додека не се згусне сосот, а потоа додадете ги модрите патлиџани.

Во меѓувреме, варете ги тестенините во поголема количина малку посолена зовриена вода и додадете ги во сосот. Посипете со сирење и остатокот од босилекот и послужете.