Наместо десерт, природен лек за остеопороза

Фото: Pexels
407

Ако не можете да се откажете од десертот, заменете го со нешто корисно. Најдовме рецепт за природен и многу вкусен лек за еден од најчестите проблеми на жените, особено во периодот на менопауза

Остеопорозата како болест во напредна фаза може да предизвика сериозни проблеми, кога се појавуваат ненадејни и атипични фрактури поради кршливостa на коските.

За да го спречите или да го забавите процесот на развој на остеопорозата направете си го овој природен лек кој може лесно да ви го замени и десертот и да ја задоволи вашата желба за благо.

Ви требаат:

-10 лажици мелено семе од лен

-5 лажици мелен сусам

-5 лажици мелени семки од тиква

-5 лажици мелени пченични зрна

-5 лажици мелено семе од сончоглед

-3 лажици суво грозје

-1 кг ливадски мед

Приготвување:

Измелете ги сите состојки, додадете мед и добро измешајте ги со дрвена лажица. Чувајте ги во фрижидер. Земајте една лажичка пред појадок и една пред ручек.
Овој природен лек може да се користи како превентива, затоа што секогаш е подобро да се спречи отколку да се лекува.