Дојде неговото време! Овој чај помага при оштетен црн дроб и жолчка, ја прочистува крвта, решава стомачни проблеми

Фото: Pixabay
387

Чајот од невен е корисен за стомачни проблеми, чиреви на желудникот и цревата бидејќи неговото дејство е поволно за слузокожата. Го зајакнува и имунитетот, одличен е за време на сезоната на настинки, вируси и грип, може да помогне при кашлица и појава на херпес, кога добро делува и маста од невен.

Благодарение на бројните активни состојки, невенот (лат. Calendula officinalis) делува против

бактериите, особено оние на кожата. Го спречува и развојот на габите. Ова растение ја поттикнува

циркулацијата на крвта и развојот на нови клетки, па затоа се користи за заздравување на раните.

Надворешно се користи за лузни, воспаление на вените, хемороиди и кожни болести. Исто така, се

користи и за акни, брадавици, чиреви, егзема и смрзнатини.

Чајот од невен е корисен за стомачни проблеми, чиреви на желудникот и цревата бидејќи неговото

дејство е поволно за слузокожата. Го зајакнува и имунитетот, одличен е за време на сезоната на

настинки, вируси и грип, може да помогне при кашлица и појава на херпес, кога добро делува и

маста од невен.

По сончево време

Цветовите се користат за лековити цели. Ги береме кога цветовите се целосно расцутени, на суво и

сончево време. Брзо се сушат на воздух, никогаш на вештачка температура. Исушените главички ги

користиме или цели или од нив ги одвојуваме само јазичастите, околни цветови, кои изгледаат како

ливчиња, ако целото главче се гледа како цвет. Се користат и листови, по можност свежи.

За цела низа болести

Со невен лекуваме низа болести – гнојни рани и изгореници, брадавици, разни кожни заболувања,

отоци, мускулни истегнувања, згрутчување на крвта, слабост на црниот дроб и слезината, проблеми

со жолчката; промовира формирање и излачување на жолчката, лекува цревни и стомачни

заболувања, ја прочистува крвта, ја регулира менструацијата и добро делува кај канцерогени

заболувања.

Како да направите чај?

Околу 2 лажички суви цветови од невен прелијте ги со 1/4 литар врела вода, оставете 10 минути и

процедете.

Во случај на жолчни тегоби, овој чај се зема 2-3 шолји дневно. За нередовна и болна менструација

земајте по една шолја дневно, една недела пред менструацијата. Истиот чај се користи и за облози.