Намирници кои делуваат благотворно на артритисот

Фото: Pexels
355

Резултатите од една студија покажуваат дека кај 24% од пациентите со ревматоиден артритис, исхраната имала важно влијание врз симптомите на оваа болест.

Терминот артритис опфаќа група на болести кои предизвикуваат болка, оток и вкочанетост во зглобовите и ги погодуваат луѓето од сите возрасти и етнички групи. Постојат бројни видови на артритис, од кои најпознати секако се ревматоидниот артритис, автоимуна болест и остеоартритисот, кој настанува поради истрошеност на зглобовите.

Ревматоиден артритис

За среќа, многу намирници можат да помогнат во намалувањето на болките во зглобовите. На пример, резултатите од една студија покажуваат дека кај 24% од пациентите со ревматоиден артритис, исхраната имала важно влијание врз симптомите на оваа болест.

Подолу ви пренесуваме листа на намирници кои покажуваат благотворно дејство на симптомите на артритис.

Зрнесто овошје
Бобинки, како што се боровинки, јагоди, огрозд, брусница, гоџи бобинки, но и вишни и цреши, се ризница на биоактивни хранливи материи кои го штитат колагенот, важен градежен материјал на коските, мускулите, тетивите и зглобовите.

Брокула
Не е тајна дека брокулата е еден од најздравите зеленчуци што ги знаеме. Содржи и сулфорафан, супстанца за која истражувањата покажаа дека има антивоспалителни својства.

Лук
Лукот може да се пофали со значајни антиинфламаторни својства, а консумирањето на оваа корисна храна е поврзано дури и со намален ризик од развој на остеоартритис.

Ѓумбир
Иако треба да се спроведат повеќе студии, сегашните истражувања покажуваат дека ѓумбирот ги намалува симптомите на артритис, како и воспалителните состојби.

Маслиново масло
Докажано е дека маслиновото масло го намалува воспалението, може да го намали ризикот од развој на артритис, а некои студии дури покажуваат дека може да ја забави неговата прогресија и да ги ублажи симптомите.

Риба
Исхраната богата со масни риби како лосос, скуша и сардини поволно делува на намалување на симптомите на оваа болест. Имено, масната риба е богата со омега-3 масни киселини и витамин Д, кои го намалуваат воспалението и ги ублажуваат симптомите на артритис.

Спанаќ
Овој лиснат зеленчук е богат со антиоксиданти, како што е кемпферол, за кој се покажа дека го намалува воспалението и ја забавува прогресијата на остеоартритисот.