Пазар на кој нема прекупци: Најдете го својот човек од доверба меѓу малите производители на храна

415

На пазарот кој не очекува утре (1 јуни), во Скопје, во организација на Слоу фуд Водно, едно е сигурно. Нема да има препродавачи или прекупци, нема лажење, нема вештачки бои, конзерванси и разни хемии. Сѐ што ќе ни понудат нашите мали производители е природно, домашно и локално и ќе не потсети на едни други времиња, оние кога сѐ беше повкусно, поздраво и домашно.

На првиот ден од јуни, утре (сабота), од 11 до 17 часот, во Мондано гарден (во задниот двор на

гимназијата „Јосип Броз Тито“), во Скопје, ќе има пазар на наши домашни производи, сирења, пити,

домашна сланина и превкусни колбаси, вино, ракија и домашно пиво, сокови, џемови, слатка, мед,

зачини, солени и слатки намази, толку многу убави и шарени бои, вкусови и мириси и исто толку

луѓе, производители на истите.

Нема препродавачи или прекупци, нема лажење, нема вештачки бои, конзерванси и разни хемии,

сѐ е природно, домашно и локално и истите тие производи оние што ги прават, им ги даваат и

на своите деца, истите се дел и од нивните домашни трпези.

А приказната на сите овие мали производители е слична. Не можат да постигнат да произведат

толку колку што има луѓе што бараат и сакаат да купат. Затоа што кога човек ќе се навикне на овие

вкусови, веќе нема назад.

И секој ќе си го најде омилениот производител и ќе си го добие својот човек од доверба

од кого ќе може да ги купува своите омилени производи и по завршувањето на пазарот, со нарачка

по телефон или преку Фејсбук.

На ваквите настани производителите се дружат и се запознаваат и со купувачите, но и

меѓусебе бидејќи, освен оние кои се веќе со години дел од Слоу фуд Македонија, постојано се

појавуваат нови и кога еднаш ќе влезат во ова „семејство“, засекогаш остануваат таму.

Нема генерациски разлики, иако има претставници од сите генерации. И меѓу

производителите и меѓу оние доаѓаат на овие настани за да си купат нешто за себе, за своите деца

и родители и сите тие се согласуваат во едно: овие вкусови ги потсетуваат на едни други времиња

кога сѐ беше повкусно, поздраво и домашно.

А сѐ повеќе луѓе сега сакаат да купуваат локална храна директно од оние кои ја одгледуваат и ја

прават. И сѐ повеќе се свртуваат кон локалната храна.

Можеби нешто во продавниците е убаво спакувано, но кога купуваме домашни производи точно

знаеме што купуваме и колку труд се вложил во истото.

И ако се прашувате колку патриотизам има во сето ова, одговорот е, да, дефинитивно, сето ова е во

голема мера и патриотски чин. Ако успееме да им помогнеме со нашиот мал придонес на луѓето од

село да понудат добар производ и од него да можат да живеат и да ги издржуваат своите семејства,

сме направиле голема работа.

А секаком, целата заслуга за тоа е на производителите, бидејќи без она што тие имаат да го понудат, сето ова не би ни постоело.

Организатор на настанот е Слоу фуд Водно, непрофитна организација која промовира добра, чиста и правична храна и ја поддржува локалната занаетчиска гастрономија.