Ракија од праски: Направете домашна ракија од само 4 состојки!

Фото: Pexels
239

Додека има праски, обидете се да ја направите оваа ракија со прекрасна арома. Многу е едноставно, а освен праски ви треба само уште литар вотка, шеќер и вода.

Праската е омиленото летно овошје кое сакаме да го јадеме за освежување, а одлично оди и во смути. Но, познавачите велат дека праската е идеална и за правење на најпознатиот пијалак на овие простори, а тоа е ракијата, поточно, за ракија од праска.

Со други зборови, ракијата од праска е алкохолен пијалак кој едноставно се прави.

Како и за секоја ракија, ќе ви требаат основни состојки и свежи праски.

Ракија од праска – рецепт
Ракијата од праска се прави од само четири состојки. Ова е добра вест за оние кои никогаш не се обиделе да направат алкохолен пијалак. Следете ги овие едноставни упатства и израдувајте ги гостите со домашна ракија со праски.

Состојки:
1 кг праски
1 литар вотка
230 г шеќер
130 мл вода.

Приготвување:
Варете ја водата додека не зоврие, а праските измијте ги, па ставете ги во зовриената вода. Варете ги околу седум минути. Оставете ги праските да се изладат.
Потоа излупете ја кората и извадете ги семките. Измешајте ги праските со блендер или миксер и додадете вода.
Исцедете ја течноста преку газа.
Во исцедениот сок додадете вотка и шеќер.
Истурете ја содржината во шишето и оставете да стои околу три недели.
Повторно процедете ја содржината преку газа за да се отстрани талогот.

Немојте да се изненадите, ракијата ќе има прекрасна арома.