Заштитете се од рак на кожа со млечен трн

Фото: Unsplash
468

Според неодамнешните истражувања, силибининот, екстракт добиен од растението наречено млечен трн, помага во заштитата од рак на кожата и го забавува процесот на стареење предизвикан од изложеноста на УВ зраци.

Ракот на кожата е едно од најчестите малигни заболувања денес. Тоа е предизвикано од абнормален раст на клетките на кожата, а најчеста причина е прекумерното изложување на сончева светлина.

Ако се прашувате дали има нешто што можете да направите за да ја спречите оваа опака болест, читајте понатаму.

Според неодамнешните истражувања, силибининот, екстракт добиен од растението наречено млечен трн, помага во заштитата од рак на кожата и го забавува процесот на стареење предизвикан од изложеноста на УВ зраци. Оваа информација ќе биде од голема корист за сите што сакаат да се сончаат со часови.

Рајеш Агарвал, еден од водачите на истражувањето, вели: „Ако имаме клетка под влијание на УВ зрачење, сакаме или да ја поправиме или да ја уништиме, докажавме дека силибининот ги прави и двете.

Тој исто така објаснил дека кога ги третираме здравите клетки на човечката кожа со силибинин, ништо не се случува. Но, кога ги третираме оштетените клетки, силибининот ги уништува, така што тие не можат да се развијат во рак на кожата.

Ова епохално откритие многу ќе помогне во лекувањето на меланомот, а додека не се направи лек, пронајдете ја оваа билка и масирајте ја кожата со неговите сокови, но внимавајте, има многу остри боцки.