Време е за ладни супи! Хранливо и освежително јадење како создадено за летните горештини

Фото: Unsplash
450

Ладните супи за лето можат да бидат многу разновидни и вкусни, а брзо се подготвуваат и даваат освежување. Подолу ќе најдете неколку рецепти.

Ладната супа е идеално јадење кога ви треба освежување во текот на топлите летни месеци. Освен што се богати со хранливи материи, ладните супи обично се подготвуваат без вклучување на шпоретот и се готови за кратко време. Ладните летни супи можете да ги послужите како предјадење или како главно јадење, со леб или фокача, за јадењето да биде позаситно.

Ладни супи – рецепти
Ладните супи за лето можат да бидат многу разновидни и вкусни, а брзо се подготвуваат и даваат освежување. Подолу ќе најдете неколку рецепти.

Ладна супа од домати – гаспачо
Доматите ги има во изобилство во лето, а еден од одличните начини да ги искористите е да направите супа. Можете да направите обична супа од домати и да ја ставите во фрижидер, но овој шпански специјалитет има малку поспецифичен вкус. Освен што е освежителен, газпачо се подготвува и без вклучување на шпоретот! Основата на оваа супа се доматите, но содржи и разни други сиров зеленчуци, што ја прави хранливо побогата. Оваа супа е погодна за вегани.

Состојки:
900 гр свежи домати
1 краставица
1 зелена пиперка
1/2 црвен кромид
2 чешниња лук
3 супени лажици маслиново масло
2 лажици оцет, некој овошен
1 лажичка сол
1/2 лажичка црн пипер.

Приготвување:
Исчистете го зеленчукот, а потоа изблендирајте ги сите состојки во процесор за храна. Во зависност од конзистентноста што ја сакате, гаспачото може да биде помазно или позрнесто по текстура. Доколку е потребно, додадете повеќе сол и црн пипер.
Гаспачото можете да го послужите веднаш, но идеално би било да го оставите да отстои околу три часа во фрижидер.
Послужете го во сад или чаша. Ако го сервирате во сад, одозгора додадете уште малку маслиново масло и по желба крутони.
Во традиционалното гаспачо се користи леб, што му дава погуста текстура. Во овој рецепт нема леб, но ако сакате, една кришка бел леб без кора може да изблендирате со останатите состојки.

Ладна супа од краставици
Ладна супа од краставици и јогурт (поинаква е од таратурот), е исклучително освежителна и идеална за летните горештини. Ако е можно, би било идеално да ја оставите оваа ладна супа од јогурт и краставици да отстои преку ноќ во фрижидер, но можете да ја оставите и само неколку часа.

Состојки:

2 големи краставици

1 и пол шолја грчки јогурт

3 супени лажици сок од лимон
1 мал сечкан кромид
1 чешне лук
1/3 шолјичка копар
1/4 шолјичка магдонос
1/4 шолјичка маслиново масло
сол и црн пипер по вкус.

Приготвување:
Излупете ги краставиците и исечете ги на коцки. Одвојте неколку коцки за сервирање.
Сите состојки изблендирајте ги во процесор за храна додека не добиете кремаста супа.
Ставете ја супата во фрижидер неколку часа.

Послужете ја супата ладна, со парчиња краставица одозгора.
Доколку избегнувате млечни производи или сте на веганска исхрана, оваа супа можете да ја направите со вегански јогурт, како што е соја или кокос.

Ладна супа од цвекло
Оваа супа е полски рецепт за ладна супа од цвекло наречена хлодник. За подготовка на ова јадење се користат цвекло и листови цвекло, па ќе ги искористите сите делови од зеленчукот!

Состојки:
2 цвекла со лисја
2-3 лажици сок од лимон
400 мл супа од зеленчук
750 мл течен или грчки јогурт
3-4 супени лажици сечкан свеж копар
4 супени лажици сечкан свеж власец
10 рендани ротквици
1 рендана краставица
1 чешне сечкан лук.
Можете исто така да користите кефир или комбинација од јогурт и кефир.

Приготвување:
Излупете го и изрендајте го цвеклото. Листовите и стеблата од цвекло исечете ги на помали парчиња.
Во сад ставете ги цвеклото, сокот од лимон и супата од зеленчук и сè заедно варете околу пет минути.
Потоа, исклучете го огнот и оставете супата целосно да се излади, па додадете ги останатите состојки.
Ставете ја супата во фрижидер најмалку половина час пред да ја послужите.
Оваа супа обично се служи со варено јајце одозгора. Значи, ако сакате, додадете јајце пред сервирање.

Ладна супа од грашок
Комбинацијата од грашок и нане е освежувачка, а во форма на ладна супа станува идеално летно јадење. Оваа супа е погодна и за вегани.

Состојки:
1 супена лажица маслиново масло
1 сечкан кромид
1 чешне сечкан лук
3 и пол чаши замрзнат или свеж грашок
2 и пол чаши супа од зеленчук
2 супени лажици сок од лимон
3 супени лажици свежо нане
сол и црн пипер по вкус.

Приготвување:
Загрејте го маслиновото масло во тенџере со средна големина и пропржете го кромидот 5-10 минути. Кон крајот додадете го лукот и пржете уште една минута.
Додадете го грашокот и супата и сè заедно варете 5-10 минути.
Исклучете ја топлината, додадете сок од лимон, нане и сол и црн пипер по вкус.

Ладна супа од авокадо
За сите љубители на авокадо и кремасти супи, оваа ладна супа од авокадо е идеална! Авокадото е богато со витамини и здрави масти, така што оваа супа може да обезбеди вистинско хранливо богатство.

Состојки:
1 авокадо
1 лажица сок од лимон или лимета
1/4 чаша свеж коријандер
1 чешне лук
1 чаша грчки јогурт
1 лажичка сол
1/4 лажичка црн пипер
1/4 лажичка ким
1/2 чаша ладна вода или супа од зеленчук.
Ако сакате супата да биде малку позачинета, додадете 1/8 лажичка кајенски пипер.

Приготвување:
Сите состојки ставете ги во процесор за храна и блендирајте додека не добиете кремаста супа. Доколку е потребно или ако сакате поретка супа, додадете повеќе вода.
Супата можете да ја послужите веднаш, но идеално би било да ја оставите да отстои половина час во фрижидер пред да ја послужите.