Уште еден волшебно брз колач: Крцкава пита со овошје

775

Овој лесен и брз рецепт ќе ви стане како „добро утро“ кога ќе сфатите колку брзо и лесно се прави. Наш совет: малку помалку брашно, малку повеќе овошје по избор

Ќе ви го дадеме рецептот по кој ние го направивме овој брз и вкусен колач со сливи и вишни (секако, изборот на овошјето е ваша желба), со напомена, според нашиот впечаток би било добро ако се стави помалку брашно отколку наведеното во рецептот, а повеќе овошје.

Состојки:

250 гр путер
200 гр шеќер
2 јајца
700 гр бело брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер

За овошјето, ви советуваме да ставите повеќе. Можеби дури и двојна доза, ќе биде уште посочно и повкусно. Според рецептот, се ставаат 500 грама овошје (на пример, сливи) и 1 лажица шеќер.

Приготвување:
Измешајте ги сите состојки освен овошјето. Половина од тестото распоредете во тркалезна тепсија.
Одозгора ставаме сливи кои ги поросуваме со лажица шеќер.
Над овошјето се става остатокот од тестото.

Тортата се пече во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути. Изладете и послужете.