Ова се само дел од работите со кои веројатно грешите и вие кога готвите. Ќе продолжиме со списокот, а вие обидете се да ја поправите својата готвачка умешност
Готвењето можеби е уметност, но на многу начини тоа е и наука. Затоа, толку многу готвачи аматери се потпираат на совети и трикови што ги научиле патем како помош за решавање на некои од најчестите кујнски проблеми. Меѓутоа, понекогаш овие таканаречени трикови за готвење прават повеќе штета отколку добро! И ако знаете како да ги поправите лошите навики што сте ги научиле, засекогаш ќе го промените начинот на готвење.
Користење на маринада за омекнување на месото
Готвачите насекаде користат маринади верувајќи дека тие можат да ги омекнат потврдите парчиња месо. Но, во целина, само додаваат вкус! Едно нешто што може да функциониора е да додадете јогурт или папаја во вашата маринада. Тие содржат куп ензими кои ќе помогнат во разградувањето на самото месо.
Комплицирање на колачињата со путер од кикиритки
Премногу луѓе додаваат разноразни состојки во садот кога прават колачиња со путер од кикиритки – но навистина не мора! Најдобрите рецепти бараат само четири работи: путер од кикиритки, ванила, шеќер и едно јајце. Потоа, се што треба да направите е да измешате и да испечете.
Користење на фенси ванила
Колку е поскапа состојката, толку е подобар вкусот? Ах, не секогаш. Луѓето имаат тенденција да се расфрлаат со поскапа ванила при печење. Но, кога се готви со други состојки, таа го губи својот интензитет – што значи дека ќе биде исто толку добро и со поевтин екстракт.
Ги плакнете варените тестенини со вода
Кога ќе ги исплакнете тестенините, всушност го отстранувате крајниот слој на скроб од тестенините. Тоа го отежнува премачкувањето со други сосови. И да бидеме искрени: кој сака да јаде тестенини – колку и да се добро сварени – ако не се натопени во сос?
Матење јајца на погрешна температура
На брзање сте, па јасно е зошто ја зголемивте топлината на вашата кајгана. Но, немојте да бидете во искушение да го направите тоа следниот пат! Ниско и бавно е начинот на кој треба да се оди кон таа екстра мека конзистентност.
Печење компири без варење
Немојте само да ги намачкате компирите во масло и да се надевате на најдоброто! Она што навистина треба да го направите за да ја добиете таа вкусна крцкава надворешност, а одвнатре кремавост е да ги сварите вашите компири пред да ги ставите во рерна. Тој процес помага да се омекне внатрешноста до совршенство.
Путер во фрижидер
Путерот треба да биде во фрижидер, нели? Не, не е потребно. Содржината на маснотии го спречува неговото расипување кога ќе остане надвор, на масата. Плус, секој претпочита мек и лесен намаз – што не го добивате кога путерот седи на ладно со часови.
Излевање на тестото во калапи за мафини
Сите сакаат исти кекси кога ќе излезат од рерната – но не секој ги добива! За да се осигурате дека секој кекс изгледа исто, користете лажица за сладолед за да ги измерите точните делови наместо само да го истурите тестото.
Ставање масло во водата за тестенини
Има ли нешто полошо од лепливи тестенини? Никако не. Но, иако додавањето масло во водата може да ги спречи тестенините да не се згрутчат, исто така ги спречува да се залепат за било што друго… како на пример за сите оние вкусни сосови! Едноставно мешајте ги тестенините постојано додека се варат.
Рачно ситнење на лукот
Секое јадење има подобар вкус со малку – или со многу лук. Но, ако сакате максимален можен вкус, немојте да бидете во искушение само да го згмечите рачно. Наместо тоа, земете преса за лук!