Домашен напиток од киви кој совршено ги чисти црниот дроб и крвните садови
Дури и откако ќе престанете да го консумирате овој напиток за детоксикација, за да го заштитите црниот дроб и крвните садови, продолжете да јадете на дневна основа барем едно свежо киви!
Тешката храна во текот на зимата, изложеноста на токсините од воздухот и околината, го оптоваруваат црниот дроб и циркулаторниот систем, што влијае на здравјето и виталноста. Некои од симптомите кои може да укажуваат на заситеност на телото и црниот дроб со токсини се замор и летаргија, сува кожа, кожни болести, чести главоболки, лошо варење, вишок килограми…
Накусо, време е да му помогнете на организмот. Направете овошен напиток направен од само неколку состојки кои веќе ги имате во вашата кујна!
Освен што го снабдува организмот со потребните антиоксиданти, витамини и минерали, овошјето помага и во елиминирање на отпадните материи кои ги оптоваруваат органите и крвотокот.
Лимонот, кивито и авокадото се особено добри за детоксикација на црниот дроб и крвните садови.
Во синергија, благодарение на комбинацијата на моќни антиоксиданти и здрави масни киселини, тие прават чуда за вашето тело и целокупното здравје.
Киви – одличен заштитник на црниот дроб
Ова популарно овошје е богато со хранливи материи кои благотворно делуваат на здравјето на црниот дроб.
Кивито се смета за еден од најдобрите извори на витамин Ц (со консумирање на 2 киви ќе го снабдите организмот со 140 мг од овој моќен антиоксидант).
Ова овошје може да се пофали со уште околу 20 хранливи материи, вклучувајќи ги витамините Е и К, калиум и фолна киселина, а богато е и со растителни влакна.
Благодарение на содржината на калиум, кој е поприсутен во кивито отколку во бананата, ова моќно овошје помага и во регулирање на крвниот притисок.
Исто така ги намалува мастите во крвта, а со тоа ги штити крвните садови и срцето и помага во спречување на кардиоваскуларни болести.
Антиоксидантите присутни во кивито спречуваат замастување на црниот дроб.
Дури и откако ќе престанете да го консумирате овој пијалак за детоксикација, за да го заштитите црниот дроб и крвните садови, продолжете да јадете на дневна основа барем едно свежо киви!
Лимон – одлично средство за чистење на телото
Лимонот, како и другите цитрусни овошја, со причина е незаменлива состојка во многу пијалаци за детоксикација.
Цитрусното овошје, помешано со вода, го поттикнува исфрлањето на токсините од црниот дроб и од целиот организам.
Исто како и кивито, ова овошје е и одличен извор на најмоќниот антиоксидант – витаминот Ц.
И покрај неговиот кисел вкус, лимонот всушност го алкализира човечкото тело, доближувајќи го до оптимално здравје.
Освен витамин Ц, лимонот содржи и пектин и есенцијални масла, кои ги зајакнуваат ѕидовите на цревата и на тој начин ја спречуваат пропустливоста и „истекувањето“ на отпадните материи во црниот дроб, што би довело до негово преоптоварување.
Затоа, не е ни чудо што многу поддржувачи на здрав начин на живот го започнуваат денот со свежо исцеден сок од лимон.
Авокадо – здрави масти за здраво срце
Авокадото е богато со здрави масни киселини, што го рангира меѓу најдобрите намирници за здравјето на срцето и крвните садови. Исто така, тоа е богато со калиум (содржи повеќе калиум од бананата).
Освен калиум и супер-здрави масти, авокадото содржи и витамини А, Б, Ц, Е и К, а минералите вклучуваат железо, фосфор, бакар, магнезиум, цинк и манган.
Исто така, една од неговите моќни состојки е глутатионот, кој помага да се елиминираат токсините од телото. На овој начин ја помага и работата на црниот дроб.
Истражувањата покажаа дека авокадото помага да се спречи оштетувањето на црниот дроб.
Нане – повеќе од освежителни ливчиња
Како и другите состојки на овој пијалак за детоксикација, свежите листови нане даваат силен поттик за работата на црниот дроб и панкреасот.
Покрај тоа, тие го стимулираат исфрлањето на отпадните материи од телото, го чистат желудникот и помагаат да се елиминира вишокот слуз од телото.
Исто така, нането го олеснува дишењето и е многу добро за срцето.
Напиток од киви – за детоксикација на црниот дроб и крвните садови
Состојки:
3 киви
1 авокадо
1 лимон
10-15 листови свежо нане
250 мл вода
Приготвување:
Излупете ги кивито и авокадото и исечете ги на парчиња. Префрлете се во блендер и додадете свежо исцеден сок од лимон и 10-15 листови свежо нане.
Ставете вода и измешајте сè заедно.
Овој напиток пијте го на празен стомак секое утро во текот на две недели.